Добредојдовте на нашата веб страница!
Стоматолошката ординација Д-р Нечаковски е формирана во 1993 година со цел на нашите пациенти да им ја дадеме најдобрата можна услуга. Во нашата работа користиме најсовремена опрема и тераписки постапки кои одговараат на светските стандарди. На овие страници ќе можете да дознаете за нас и за нашата ординација,
услугите кои ги нудиме а можете да најдете и одговори на многу прашања
кои нашите паценти честопати ни ги поставувале: објаснување на стоматолошките интервенции, вести,
совети и интересни податоци од науката за здравјето на забите и устата.
Доколку имате прашање или коментар на некоја од соржините на сајтот, слободно
контактирајте не' - со задоволство ќе ви одговориме. И се разбира, добредојдени
сте во нашата ординација за сите ваши потреби од стоматологијата.
Новости од ординацијата:
10.03.2008 . Најтиражниот весник за здравјето во Македонија - „24 часа здравје“ во новиот број од 10.03.2008 објави нов текст од Д-р Александар Нечаковски под наслов „Орална Кандидијаза“
17.12.2007 Tекстот „Импланти - современа замена за изгубените трајни заби“ од д-р Александар Нечаковски објавен во Весникот 24 Часа Здравје.
05.11.2007 Причитајте повеќе за проблемите со виличниот зглоб во текстот објавен во Весникот 24 Часа Здравје. Целосниот текст можете да го прочитате тука.
09.07.2007 Нов текст од д-р Александар Нечаковски објавен во Весникот 24 Часа Здравје. Во бројот од 09.07.2007 весникот го објави текстот „Пломби со флуориди ги штитат забите од расипување“Целосниот текст можете да го прочитате тука.
26.02.2007 Весникот 24 Часа Здравје објави текст за млечните заби од Д-р Александар Нечаковски
24 Часа Здравје, неделниот прилог на дневниот весник Дневник во бројот од 26.02 објави текст кој се базира на одговорите на најчето поставуваните прашања за млечните заби.
Често поставувани прашања
Неправилната поставеност на забите не е само проблем кој го нарушува изгледот, туку може да доведе до
пореметување на функцијата и на другите делови на системот за џвакање - вилиците и виличните зглобови. Прочитајте повеќе за начините
за спречување на овие аномалии и начините за нивно решавање 
Едукативна анимација
Промени во забната низа при губење на еден заб и начин за надокнадување
на изгубениот заб (видете ја анимацијата)
|